БЗР БОНТОН

Охрид, 29 - 31 Октомври 2015

 

Почитувани,

Ве известуваме дека организацискиот одбор на Конференцијата е во фаза на организирање на првата меѓународна балканска регионална конференција "БЗР БОН-ТОН", која ќе се одржи во Охрид, Македонија, во период од 29-31 октомври 2015 година.

Со својот концепт, за прв пат во историјата на регионот, е прва од ваков вид каде организатори се сите кои пројавија интерес од професионалните невладини организации, универзитетите и од други чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Идејата на организацискиот одбор на Регионалната конференција е истата да прерасне во традиционална и која секоја година ќе се реализира во друга земја. Оваа година ќе се одржи во Македонија, но веќе следната во 2016 година ќе се одржи во некоја друга земја од регионот, и така натаму во земјите од Југоисточна Европа.

Нејзина цел не е да стане најмасовна конференција во регионот, но повеќе да биде престижна, каде што клучните носители на одлуки и актери во областа на безбедност и здравје ќе имаат единствена можност да се состанат, да дискутираат и да се запознаат со предизвиците на професијата во регионот на Југоисточна Европа. Тоа ќе биде далеку од најважните работи во промовирање на безбедноста и здравјето во регионот на Југоисточна Европа во последните неколку децении.       

Тоа е причината зошто ние веруваме дека тоа е случај Вашата институција, здружение, Вие како инженер, работодавач, вработен да ја подржите и да заземете учество на истата. Ќе Ви посочиме само неколку елементи зошто да присуствувате на конференцијата:

  • Конференцијата  се стреми да обезбеди можност компаниите да се поврзат со професионалците во областа на безбедноста и здравјето при работа на сите нивоа кои се активни на ова поле;
  • Како изложувач, ќе имате можност да се дружите со водечките луѓе, компании и организации од безбедносната и здравјето при работа, кои ќе ги презентираат технологии и трендови од светот на безбедноста и здравјето при работа;
  • Остварување на средба и контакт со учесниците кои се  одговорни за имплементација на системите за БЗР, следење и имплементирање на стандардите  за бзр, како и подигање на капацитетите за БЗР кај работодавачите и вработените.  
  • Подобрување на безбедноста и здравјето на вработените преку обука, најдобра практика и тимско водство, размена на искуствата од ЕУ земјите и регионот и поставување цели за континуирано подобрување.Можност за ја зголемете Вашата постојано растечка мрежа преку директен контакт со потенцијални партнери, носители на одлуки и на сертифицирани професионалци.   
  • Конференцијата е оригинален и уникатен настан кој истовремено вклучува едукација, истражување, искуство, идеи, култура и традиција, каде вашето учество ќе ја докаже грижата пред се за вашите вработени, а воедно ќе придонесе и за намалување на процентот на несреќи, повреди и професионални заболувања при работа во Р. Македонија.
  •  Како што знаете, основен медиум на кој се комуницираат, како публикуваните трудови, дневните агенди, разните презентации и биографии на авторите е хартијата, поточно печатењето на претходно напомнатите публикации.  Ова сакаме да го смениме и да поставиме нов тренд во публикувањето на претходно споменатите изданија. Сакаме комплетно истите да ги нанесеме на таблет, кој би го делеле на самата конференција, а истиот би бил искористен и во насока на индивидуално комуницирање на сликите и записите од самата конференција од самите учесници на социјалните мрежи. Сите таблети ќе бидат со претходно инсталирани апликации од категоријата социјални медиуми, односно: Facebook, Twitter и Linkedin. Идејата е преку социјалните медиуми и таблетите, учесниците во конференцијата да коментираат и да поставуваат прашања на официјалните профили на социјалните медиуми на конференцијата. Наши вработени ќе објавуваат информации и ќе ги менаџираат овие официјални профили на конференцијата. Исто така, сите сесии ќе бидат пренесувани во живо на Youtube.

Зголемете ја Вашата присутност и влијание во областа на безбедноста и здравјето пи работа  на  Балканскиот регионот.

 

Се гледаме во Охрид!

Организациски одбор на

Меѓународната конференција за регионална соработка БЗР Бон – Тон